10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
12. Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.
13. И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
14. А потоа, откако Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието за царството Божјо,
15. и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
16. И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“
18. И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19. Па, штом одмина малку, го виде Јаков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите;
20. веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21. И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.
22. И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
23. Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,