1. Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.
2. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.
3. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.
4. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг.
5. Зашто секој ќе го понесе својот товар.
6. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.