2. Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3. а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.
4. Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6. За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,
7. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
8. Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
9. И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас!
10. Јас се зарадував необично многу во Господа, зашто најпосле расцветавте во вашата грижа за мене; вие и порано се грижевте за мене, но немавте згодна пригода.
11. Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам.