1. Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господ, зашто тоа е праведно.
2. „Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветување,
3. „За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“
4. И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
5. Вие, слуги, бидете послушни кон вашите земни господари со страв и трепет, во простота на срцето, како кон Христос,
6. не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, извршувајќи ја волјата Божја од срце,
7. драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,
8. знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ според доброто, што го направил.