18. зашто преку него и едните и другите имаме пристап кај Отецот во еден Дух.
19. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,
20. зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,
21. врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ;
22. врз Кого и вие ќе се соѕдате во живеалиште Божјо преку Духот.