1. Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета.
2. Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога.
3. Еднаш околу деветтиот час од денот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“
4. А тој го впери погледот во него и сиот уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои.
5. И сега, прати луѓе во Јопија и повикај го Симон, кого го викаат Петар.
6. Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се наоѓа покрај морето. Тој ќе ти каже зборови преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.“