5. и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6. Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста.
7. И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.
8. Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов.
9. Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
10. А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го правите, туку и да сакате да го правите.
11. А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.
12. Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.
13. Затоа не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:
14. вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,
15. како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“
16. Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.
17. Тој ја прифати мојата молба, и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.
18. Со него го испративме братот, пофалуван по сите цркви за неговото благовестие;
19. и не само тоа, туку црквите го избраа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја,
20. пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.