8. А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.
9. Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.
10. А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –
11. ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.
12. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
13. и ако некоја жена има маж, безверник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.