22. Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат.
23. Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе?
24. Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат,
25. така што тајните на срцето ќе му се откријат, и тој, ќе падне на колена, ќе Му се поклони на Бога и ќе рече: „Навистина, Бог е во вас.“
26. Па што, браќа? Кога ќе се собирате, и секој од вас има – кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, – сѐ нека биде за надградување.
27. Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува.
28. Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога.
29. Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат.
30. Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.
31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.
32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;
33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите,
34. жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
35. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
36. Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?