19. А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?
20. Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.
21. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните.
22. Дали, пак, ќе побудиме завист во Господ? Та посилни ли сме од Него?
23. „Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се наградува.
24. Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот.
25. Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;
26. зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
27. Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.
28. Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“
29. Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?