14. Не оди по патеките на нечесните и не оди по патот на лошите.
15. Остави го, не оди по него, отстранувај се од него и заобиколувај го,
16. зашто тие не спијат ако не направат зло, и сонот не им иде ако не го голтнат некого.
17. Зашто го јадат лебот на нечесноста и го пијат виното на насилништвото.
18. А праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сè појасна до полниот ден.
19. А патот на нечесните е како темнина, не знаат на што ќе се сопнат.
20. Сине мој, внимавај на моите зборови, наведни го своето уво кон моите беседи;
21. не ги губи никогаш од пред очите, пази ги среде своето срце;
22. зашто се живот за оние кои ги наоѓаат и исцелување на сето нивно тело.
23. А над сè чувај го своето срце, зашто животот извира од него.
24. Држи ја далеку од себе лажливата уста, и оддалечувај ги од себе измамливите усни.
25. Нека твоите очи гледаат право напред, и нека твојот поглед биде секогаш прав.
26. Внимавај на патеката по која одиш, и нека сите твои патишта бидат постојани.