15. Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.
16. Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,
17. Евејците, Арукејците, Асенејците,
18. Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,
19. така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.
20. Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.
21. А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.
22. Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.