20. Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.
21. Соломон ја прошири својата власт над сите царства од Реката сè до Филистејската Земја и до египетската меѓа. Тие го донесуваа својот данок и му служеа на Соломона во сите денови на неговиот живот.
22. Секој ден му требаше на Соломона за храна: триесет кори чисто брашно и шеесет кори обично брашно,
23. десет згоени волови, дваесет волови од пасиште, стотина овци, освен елени, срни, диви кози и згоена живина.
24. Зашто тој владееше над сè одваму Реката - од Тафсе до Газа, над сите цареви отаде Реката (Еуфрат) и имаше мир на сите граници наоколу.
25. Јуда и сиот Израел живееја без страв, секој под својата лоза и под својата смоква, од Дан до Вирсавеа, во текот на сиот Соломонов век.
26. Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.
27. Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.
28. И јачмен и слама за коњите и за влечниот добиток донесуваа на местото каде што се задржуваше, секој како што ќе му паднеше.
29. Господ му даде на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег.
30. Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет.
31. Беше помудар од сите луѓе, од Етан Езраит, од Еман, од Халкол и од Дарда, синовите Меолови; името му се расчу меѓу сите народи наоколу.