5. А тој рече: „Кој си Ти, Господине?” А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!”
6. Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!”
7. А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
8. И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск.
9. И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.
10. А во Дамаск беше еден ученик, по име Ананиј, и Господ му рече во привидение: „Ананиј!” А тој рече: „Еве ме, Господи!”
11. А Господ му рече: „Стани и оди во улицата, што се вика „Права,” и во Јудината куќа побарај го тарсанецот, наречен Савле! Зашто, ете, тој се моли.”
12. И виде во видение човек по име Ананиј, како влегува при него и ги полага рацете на него за да прогледа.
13. Ананиј одговори: „Господи, чув од мнозина за тој човек, колку зло им направил на Твоите свети во Ерусалим.