Нов Завет

Тит 3:8-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што по­ве­ру­ва­ле во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.

9. А од глупави распрашувања и ро­до­словија на племињата, од препирки и рас­правии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.

10. Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати,

11. знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.

12. Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам.

13. Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо.

14. И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.

15. Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!

Прочитајте целосна глава Тит 3