Нов Завет

Тит 3:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,

2. никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе.

3. Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.

4. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,

5. Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух,

6. Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,

7. та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на веч­ниот живот.

8. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што по­ве­ру­ва­ле во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.

9. А од глупави распрашувања и ро­до­словија на племињата, од препирки и рас­правии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.

10. Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати,

11. знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.

12. Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам.

13. Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо.

14. И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.

Прочитајте целосна глава Тит 3