Нов Завет

Тит 2:6-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,

7. а во сѐ претстави се сам како обра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:

8. слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.

9. Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;

10. да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.

11. Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.

12. Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,

13. да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,

14. Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.

15. Ова зборувај го, советувај и изоб­ли­чувај со полна власт; никој да не те пре­зира.

Прочитајте целосна глава Тит 2