Нов Завет

Римјаните 7:5-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Зашто, кога живеевме во телото, то­гаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ прине­се­ме плод на смртта;

6. но сега, ние сме слободни од За­ко­нот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обвовен дух, а не според старата буква.

7. Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“

8. Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.

9. Некогаш живеев без Законот; но ко­га дојде заповедта, гревот оживеа.

10. Јас, пак, умрев, и се покажа дека за­поведта, назначена за да даде живот, ис­тата води во смрт,

11. зашто гревот, поттикнат од за­по­ведта, ме измами и преку неа ме умрт­ви.

12. Така, значи, Законот е свет, и за­по­ведта света, справедлива и добра.

13. Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се по­ка­же дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гре­вот да стане премногу грешен.

14. Зашто знаеме дека Законот е ду­хо­вен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.

15. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, ту­ку она што го мразам, тоа го правам.

Прочитајте целосна глава Римјаните 7