Нов Завет

Римјаните 7:13-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се по­ка­же дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гре­вот да стане премногу грешен.

14. Зашто знаеме дека Законот е ду­хо­вен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб.

15. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, ту­ку она што го мразам, тоа го правам.

16. Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.

17. Значи, тоа веќе не го правам јас, ту­ку гревот, што живее во мене.

18. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не наоѓам сила да го правам тоа.

19. Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам.

20. А штом го вршам она што не го са­кам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.

21. И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу.

Прочитајте целосна глава Римјаните 7