Нов Завет

Римјаните 7:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Или, пак, не знаете, браќа, – им збо­рувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив?

2. Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од за­конот, кој ја сврзал со мажот.

3. Затоа, ако се омажи за друг маж, до­дека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре ма­жот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.

4. Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.

5. Зашто, кога живеевме во телото, то­гаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ прине­се­ме плод на смртта;

6. но сега, ние сме слободни од За­ко­нот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обвовен дух, а не според старата буква.

7. Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“

8. Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.

9. Некогаш живеев без Законот; но ко­га дојде заповедта, гревот оживеа.

10. Јас, пак, умрев, и се покажа дека за­поведта, назначена за да даде живот, ис­тата води во смрт,

Прочитајте целосна глава Римјаните 7