Нов Завет

Римјаните 6:3-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Не­говата смрт бевме крстени.

4. И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.

5. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,

6. знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;

7. бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.

8. А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,

9. знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.

10. Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го жи­вее, за Бога го живее.

11. Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.

12. И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади!

13. Не препуштајте му ги на гревот ва­шите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото ка­ко орудија на праведноста.

14. Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.

Прочитајте целосна глава Римјаните 6