Нов Завет

Римјаните 6:15-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!

16. Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за пос­луш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност?

17. Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте.

18. И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.

19. Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост.

20. Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста.

21. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ниот крај е смртта.

22. Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен.

23. Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.

Прочитајте целосна глава Римјаните 6