Нов Завет

Римјаните 6:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми бла­годатта? Никако!

2. Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?

3. Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Не­говата смрт бевме крстени.

4. И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.

5. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,

6. знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;

7. бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.

8. А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,

9. знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.

10. Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го жи­вее, за Бога го живее.

11. Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.

12. И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади!

13. Не препуштајте му ги на гревот ва­шите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото ка­ко орудија на праведноста.

14. Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.

15. Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!

Прочитајте целосна глава Римјаните 6