Нов Завет

Римјаните 5:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.

2. Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која сто­име, и се фалиме со надежта во славата Божја.

3. Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се ра­ѓа трпението;

4. од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж.

5. Надежта пак, не посрамотува. Заш­то љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.

6. Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.

7. Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.

8. Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.

9. Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот.

10. Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.

11. А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.

12. Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија.

13. Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон.

14. А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде.

15. Но, со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.

16. А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување.

Прочитајте целосна глава Римјаните 5