Нов Завет

Римјаните 4:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.

5. Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност.

6. Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за пра­ведност независно од делата, велејќи:

7. „Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8. блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“

9. А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10. Кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието.

11. И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,

12. и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.

13. Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.

14. Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, то­гаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;

Прочитајте целосна глава Римјаните 4