Нов Завет

Римјаните 4:15-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.

16. Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,

17. според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суш­тествува, она што не суштествува.

18. Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според ре­че­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“

19. И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;

20. и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,

21. наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

22. Затоа тоа му се сметаше за праведност.

23. Но, не само за него е напишано де­ка му се сметаше,

24. туку и за нас: ќе ни се смета, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ,

25. предаден за нашите гревови и вос­креснат за наше оправдание.

Прочитајте целосна глава Римјаните 4