Нов Завет

Римјаните 3:9-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,

10. како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,

11. нема разумен, нема кој да Го бара Бога;

12. сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, не­ма ниту еден.“

13. „Грлото нивно – отворен гроб; со ја­зиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,

14. устата нивна е полна со клетва и горчина.

15. Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;

16. пустошење и маки по нивните па­тишта;

17. тие не го познаа патот на мирот.

18. Страв Божји нема пред очите нив­ни.“

19. Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,

Прочитајте целосна глава Римјаните 3