Нов Завет

Римјаните 3:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Каде е, пак, пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.

28. Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.

29. Или можеби Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците,

30. бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.

31. А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме.

Прочитајте целосна глава Римјаните 3