Нов Завет

Римјаните 3:18-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Страв Божји нема пред очите нив­ни.“

19. Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,

20. зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гре­вот.

21. А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од За­конот и од Пророците.

22. Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,

23. сите згрешија и лишени се од славата Божја.

24. Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.

25. Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување преку ве­рата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,

26. за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.

27. Каде е, пак, пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.

28. Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.

29. Или можеби Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците,

30. бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.

31. А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме.

Прочитајте целосна глава Римјаните 3