Нов Завет

Римјаните 3:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?

2. Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите обја­вувања.

3. Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?

4. Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да по­бедиш кога ќе ти се суди.“

5. Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

6. Никако! Зашто, како Бог ќе може да го суди светот?

7. Зашто, ако вистината Божја се воз­величува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник?

8. Зарем тогаш не би требало да пра­ви­ме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.

9. Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,

Прочитајте целосна глава Римјаните 3