Нов Завет

Римјаните 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?

2. Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите обја­вувања.

3. Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?

4. Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да по­бедиш кога ќе ти се суди.“

5. Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

Прочитајте целосна глава Римјаните 3