Нов Завет

Римјаните 14:5-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење.

6. Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.

7. Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе;

8. туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Гос­под. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме.

9. Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите.

10. А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред су­дот Христов.

11. Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“

12. И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.

13. Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна.

14. Знам и уверен сум преку Господ Исус Христос дека нема ништо нечисто само по себе; освен кога некој мисли дека е нешто нечисто, за него тоа е нечисто.

15. А ако, пак, братот твој се скрби поради тоа што го јадеш, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној за кого Христос умре.

16. Нека не се хули на она што е добро според вас!

17. Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух.

18. Зашто, оној кој Му служи на Христос со овие работи, тој Му се до­па­ѓа на Бога и мил им е на луѓето.

19. И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување.

Прочитајте целосна глава Римјаните 14