Нов Завет

Римјаните 14:19-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување.

20. Поради јадење не уривај го делото Божјо! Навистина сѐ е чисто, а тешко е за оној човек, кој јаде поради соблазна;

21. подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее.

22. Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува.

23. А ако некој се сомнева кога јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не е според верата, грев е.

24. На Оној кој може да ве зацврсти, според моето Евангелие, и про­по­ве­да­њето за Исус Христос, според откривањето на тајната која била замолкната од вечни времиња,

25. а која сега се јави, и според про­роч­ките Писма, а по заповедта на вечниот Бог им стана позната на сите народи за да ги доведе во послушност кон верата,

26. на Единствениот, мудар Бог, преку Исус Христос нека е слава во сите ве­кови! Амин!

Прочитајте целосна глава Римјаните 14