Нов Завет

Римјаните 14:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Слабиот во вера прифатете го, но без расправии за мислењата!

2. Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук.

3. Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил.

4. Кој си ти што му судиш на туѓ слу­га? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи.

5. Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење.

6. Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.

7. Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе;

8. туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Гос­под. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме.

9. Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите.

10. А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред су­дот Христов.

11. Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“

12. И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.

13. Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна.

Прочитајте целосна глава Римјаните 14