5. така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.
6. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата;
7. ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува!
8. Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.
9. Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто;
10. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
11. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ;
12. радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;
13. помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи;
14. благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги проколнувајте.
15. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!
16. Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри;
17. и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе.