Нов Завет

Римјаните 12:10-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.

11. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ;

12. радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;

13. помагајте им на светиите во нив­ни­те потреби; трудете се да бидете гостопримливи;

14. благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги про­колнувајте.

15. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!

16. Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри;

17. и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе.

18. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.

19. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“

20. И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова.

21. Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Прочитајте целосна глава Римјаните 12