Нов Завет

Римјаните 12:10-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.

11. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ;

12. радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани;

13. помагајте им на светиите во нив­ни­те потреби; трудете се да бидете гостопримливи;

14. благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги про­колнувајте.

15. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!

Прочитајте целосна глава Римјаните 12