Нов Завет

Римјаните 12:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.

2. Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на вашиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.

3. Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му ка­жу­вам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил.

4. Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не деј­ствуваат на еднаков начин,

5. така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.

6. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата;

7. ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поу­чу­вање – нека поучува!

Прочитајте целосна глава Римјаните 12