Нов Завет

Римјаните 1:8-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет;

9. Бог, Кому Му служам со својот дух, преку Евангелието на Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас

10. секогаш кога во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам кај вас.

11. Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да станете поцврсти,

12. односно, взаемно да си помогнеме преку заедничката вера – вашата и мојата.

13. Би сакал да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ до­се­га бев попречуван.

14. Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.

15. Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.

16. Зашто јас не се срамам од Еван­ге­лието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.

17. Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“

18. Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1