Нов Завет

Римјаните 1:15-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.

16. Зашто јас не се срамам од Еван­ге­лието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.

17. Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“

18. Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.

19. Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил.

20. И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова си­ла и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано спо­ред Неговите дела, па така тие немаат изговор.

21. Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;

22. тврдејќи дека се мудри, тие обезумија,

23. и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.

24. Затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите тела.

25. Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Соз­да­те­лот, Кој е благословен во вечни векови. Амин!

26. Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните пот­реби ги заменија со противприродни.

27. И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.

28. И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега,

29. исполнети со секаква неправда, блудство, лу­кавство, алчност, злоба; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност;

30. озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,

31. неразумни, неверни, недружељуби­ви, непомирливи, немилостиви.

32. Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонак­ло­нети и кон оние што ги вршат.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1