Нов Завет

Римјаните 1:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Би сакал да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ до­се­га бев попречуван.

14. Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.

15. Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.

16. Зашто јас не се срамам од Еван­ге­лието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1