Нов Завет

Римјаните 1:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, слуга на Исус Христос, по­викан за апостол, издвоен за Еван­гелието Божјо,

2. кое Бог однапред го беше ветил пре­ку пророците, во Светите Писма,

3. за Својот Син, по тело роден од се­мето Давидово,

4. одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресе­ни­ето од мртвите, Исус Христос, на­шиот Господ.

5. Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на пос­лушност кон верата меѓу сите народи во Негово име,

6. меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос.

7. До сите вас во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос.

8. Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет;

9. Бог, Кому Му служам со својот дух, преку Евангелието на Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас

10. секогаш кога во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам кај вас.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1