Нов Завет

Откровение 7:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.

2. И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи:

3. „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“

Прочитајте целосна глава Откровение 7