Нов Завет

Откровение 5:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе,

10. и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“

11. Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони,

12. кои зборуваа со висок глас: „Достојно е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!“

13. И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, чув како зборува: „На Оној Кој седи на престолот, и на Јаг­не­то – благослов и чест, слава и владеење во сите векови!“

14. А четирите животни велеа: „Амин!“ И дваесет и четирите старе­ши­ни паѓаа и Му се поклонуваа на вечно Живиот.

Прочитајте целосна глава Откровение 5