Нов Завет

Откровение 22:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!

11. Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.

12. И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.

13. Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!

Прочитајте целосна глава Откровение 22