Нов Завет

Откровение 21:6-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.

7. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.

8. А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“

9. Тогаш дојде кај мене еден од се­дум­те ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја по­кажам невестата – жената на Јагнето.“

10. Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога,

11. и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис;

12. тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви:

13. спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.

14. Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.

15. Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.

16. Градот беше четириаголен, а дол­жината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова – еднакви.

17. Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.

18. Ѕидовите му беа изградени од јас­пис; а градот – од чисто злато, како чис­то стакло.

19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,

20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – ви­рил, деветтиот – топаз, десеттиот – хри­сопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.

21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден би­сер; улиците на градот беа од чисто зла­то како проѕирно стакло.

Прочитајте целосна глава Откровение 21