Нов Завет

Откровение 21:2-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бо­га, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.

3. И чув висок глас од небото како збо­рува: „Ете го светиот шатор, све­ти­лиш­тето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе жи­вее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог.

4. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“

5. И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“

6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.

7. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.

Прочитајте целосна глава Откровение 21