14. Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.
15. Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.
16. Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова – еднакви.
17. Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.
18. Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло.
19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,
20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.
21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.
22. Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.
23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.
24. И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
25. А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.