Нов Завет

Откровение 21:10-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога,

11. и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис;

12. тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви:

13. спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.

14. Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.

15. Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.

16. Градот беше четириаголен, а дол­жината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова – еднакви.

17. Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.

18. Ѕидовите му беа изградени од јас­пис; а градот – од чисто злато, како чис­то стакло.

19. Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,

20. петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – ви­рил, деветтиот – топаз, десеттиот – хри­сопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.

21. А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден би­сер; улиците на градот беа од чисто зла­то како проѕирно стакло.

22. Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.

23. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.

24. И спасените народи ќе одат по не­говата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.

25. А портите негови нема да се за­клу­чуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.

26. И ќе ја внесат во него славата и чес­та на народите;

27. и нема во него да влезе ништо не­чисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.

Прочитајте целосна глава Откровение 21