Нов Завет

Откровение 16:4-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

5. Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,

6. бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!“

7. И чув друг како зборува од жрт­ве­ни­кот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“

8. Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жа­ри луѓето со оган.

9. И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.

10. Петтиот ангел ја излеа чашата сво­ја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка

11. и Го проколнуваа небесниот Бог по­ра­ди болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.

12. Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.

13. И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;

Прочитајте целосна глава Откровение 16